Полската полиција во поле во округот Билгорај пронајде кратер широк десет метри и делови од неидентификуван објект, што воените радари го следеа во воздушен простор за време на руските напади врз Украина.
Поради синоќешните руски напади врз Лвов, соседна Полска ги активираше воените авиони поради заштита на својот воздушен простор. Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 13 луѓе.
Неидентификуван објект што се движеше кон запад беше откриен во полскиот воздушен простор, кој по кратко време исчезна од радарите, соопшти полската армија.
Кратерот и остатоците од неидентификуван објект се пронајдени на околу два километра од станбени згради.




