Пакистан, што има улога на посредник во разговорите меѓу САД и Техеран, соопшти дека Вашингтон и Иран започнале преговори со цел намалување на тензиите во Ормуската Теснина.

„Во моментов се водат преговори меѓу двете страни, особено во однос на Ормуската Теснина, за да се намали напнатоста во регионот“, изјави портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи, Тахир Андраби.