Три лица, членови на исто семејство, беа убиени, а две се ранети во американскиот напад врз иранскиот остров Кешм на југот од Исламската Република, објави иранската агенција Фарс, цитирана од француските медиуми.
„Американскиот напад врз куќа во населбата Шах Тангу, во Кешм, одзеде животи на тројца членови на исто семејство – татко, мајка и нивното двегодишно дете. Две други деца, на возраст од седум и девет години, беа повредени во нападот и беа хоспитализирани“, пренесе Фарс на апликацијата Телеграм, повикувајќи се на податоци од Медицинскиот универзитет во покраината Хормозган.




