Нејмар можеби е еден од најдобрите фудбалери на светот, но воедно е и голем гејмер. Видеоигрите се негова голема пасија, а синоќа наместо да биде на свечената церемонија на доделувањето на „Златната топка“, тој беше дома пред компјутер.

Фудбалерот на ПСЖ беше свесен дека нема да ја добие наградата и во конечниот избор беше дури 12-ти. Како и другите егоистични фудбалски ѕвезди кои знаеја дека нема да ја добијат „Златната топка“, така и Бразилецот реши да не се појави на церемонијата и покрај тоа што беше поканет.

Тој во исто време додека траеше церемонијата преку платформата „Твич“, стримуваше како игра „Кол оф дјути – Блек опс 4“.