На Нејмар му здосади, па проговори околу симулирањето, иако вели дека и самиот се смеел на шегите на сопствена сметка на социјалните мрежи.

„Поставив и самиот јас една, со некои деца“, вели Бразилецот кој додаде дека му е тешко по Мундијалот и дека едно време не можел да размислува за фудбалот.

Додава дека приказната за симулирањето минува кај луѓето кои не го разбираат фудбалот.

„Тоа е мој стил, да одам на дефанзивец и се обидувам со дриблинг да создадам вишок. Не можам да му кажам, драги мој, оди понатаму сакам да дадам гол. Знаете, јас сум лесен и брз, поради тоа ми е тоа најсилно оружје и јасно е дека побавните играчи ќе ме сопрат со прекршок“, објаснува Нејмар.

„Мислите дека сакам да трпам тепање во текот на целиот меч. Никој не сака, па секој меч го завршувам со четири или пет пакети мраз на нозете, тоа баш боли“, додаде Бразилецот и повтори дека кој не искусил не може да разбере.