Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар е добитник на наградата Златна Самба. Оваа информација ја објави бразилското издание на „Sambafoot“.

Награда се доделува на најдобриот бразилски фудбалер кој игра во Европа.

Нејмар на Инстаграм објави фотографија со наградата која ја освои по петти пат во кариерата.

Тој оваа награда ја освои и во 2014, 2015, 2017 и 2020 година.