Претседателот на РФ, Владимир ПУТИН:
-Пријателски разговори
-Нема причина односите меѓу САД и Русија да бидат комплицирани;
-Дијалог наместо конфронтација;
-Изразив загриженост поради повлекувањето на САД од иранскиот договор;
Претседателот на САД, Доналд ТРАМП:
-Длабок и продуктивен дијалог. Тоа е добро за Русија, за САД, но и за светот. Ќе ги решиме проблемите со кои се соочуваме, од кооперативноста и дијалогот може да има само полза;
-Потрошивме доста време за „мешањето“ на Русија во изборите во САД;
-Дискутиравме и за радикалниот исламски тероризам од кој страдаат и САД и Русија;
-Како претседател секогаш ќе го застапувам тоа што е најдобро за САД;
-Соработката меѓу двете земји има потенцијал да спаси стотици илјадници животи;
-Тимови ќе се сретнат за да разговараат за работите што ги отворивме денеска.
– Му благодарам на претседателот Путин за разговорот.