Како што оценува социологот проф. д-р Слободан Антониќ, во учебниците нема дискриминација, туку затоа што не се афирмативни за ЛГБТ популацијата, која инсистира на тоа дека во учебниците може да има само наводи кои се афирмативни
Издавачот на шест учебници за средношколци, кои се вратени на „поправка“ по забелешките од лезбејското здружение „Лабрис“, добил рок од 10 дена да ги поправи учебниците или истите ќе бидат повлечени, вели министерот за просвета на Србија, Младен Шарчевиќ.
Тој, како што пишува весникот „Блиц“, објаснува дека министерството работело „по службена должност“.
– Заводот на издавачите им дава рок од 10 дена да направат исправки, објаснува Шарчевиќ и истакнува оти ако има опструкција, ќе следува повлекување на учебниците.
Што е спорното во шесте учебници?
Како што оценува социологот проф. д-р Слободан Антониќ, не е проблемот дека во овие учебници има дискриминирачки содржини, туку затоа што не се афирмативни за ЛГБТ популацијата, бидејќи во анализата на „Лабрис“ се инсистира на тоа дека во учебниците може да има само наводи кои се „афирмативни и точни“.
– Во еден од учебниците се наведува: „Освен хетеросексуална има и хомосексуална проституција, и тоа почесто машка отколку женска“. Во „Анализата“ се бара оваа, инаку неспорно точна констатација, да се „исфрли“, затоа што „не постои потреба за истакнување на машката хомосексуална проституција, бидејќи со тоа се создаваат предрасуди кои водат во создавање на дискриминирачки однос спрема геј мажите“, потенцира проф. Антониќ за „Новости“.
Тој во споменатиот текст набројува и други примери за кои „Лабрис“ смета дека се спорни, како тоа дека „во групата со голема зачестеност на хепатитис Б“ спаѓаат и „сексуално промискуитетни личности (особено хомосексуалци)“, како и реценицата „објект на сексуален нагон, по правило, е единка од спротивниот пол“: