Покрај тренинзите, во овој зимски период екипите воглавно ја темпираат формата и со одигрување на пријателски мечеви за вториот дел од сезоната.

Така и македонскиот фудбалски клуб Скопје и бугарскиот фудбалски клуб Пирин Благоеврад кои требаше да одиграат контролен натпревар в среда (25 јануари) на стадионот „Христо Ботев“ во Благоевград.

Поради затегнатите односи меѓу двете земји овој меч е откажан од безбедносни причини, официјално објавија од Пирин Благоеврад.

Се огласија и фановите на Пирин Благоеврад кои преку социјалните мрежи апелираа да не се одржи овој натпревар.

– За нас е неприфатливо да играме пријателски натпревар со ФК Скопје со оглед на последните случувања во Македонија. Ширењето омраза кон Бугарија, бугарскиот народ и народот со бугарска самосвест мора да има свои последици таму. Нашите браќа од Запад мора да сфатат дека Бугарија и Бугарите не им се непријател. Но, подмолното и лицемерно однесување на граѓаните и институциите во Македонија мора да се санкционира. Затоа ние навивачите на Пирин стоиме зад Бугарите во Македонија во знак на солидарност и со оглед на репресијата на која се подложени, инсистираме на откажување на контролниот натпревар. Вето, санкции и тотално игнорирање додека не научат да нè почитуваат – стои во соопштението на „Пирин Ултрас“.