Градоначалникот на Тетово Биљал Касами е повикан во Основниот суд на информативен разговор од органите на редот. На испратената покана се вели дека тој е повикан во својство  на обвинет за прекршок без да се прецизира за што станува збор. Но Касами рече дека поканата се однесува на пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово. На прашање на новинарите дали е повикан во суд за друг прекршок кој не се однесува на пречекот на косовскиот премиер, тој рече:

Не е вистина. Во поканата јасно се кажува за какво организирање. Ние објавивме на службената страна зошто сме повикани“, вели Биљал Касами.

Тој дури рече дека нема да се појави во суд без разлика на поканите.

Немам време да одам во полиција, тие знаат каде сум и можат да прават што сакаат“, додаде Биљал Касами.

Независно од покренатите предмети, во текот на пуштањето во употреба на една улица денеска во Тетово, повторно во позадина имаше знаме со карта на Голема Албанија. Вели дека тоа го поставиле граѓаните и дека општината не е поврзана со ова. Сепак додава дека е резултат на револт на ѓраѓаните и порача власта да не ги провоцира. Инаку пред некој ден во полиција беше повикан и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу поради истата причина, за организирање на пречекот на Албин Курти на 11 август оваа година, односно непочитување на законот за употребата на државните симболи при пречек на странски гости.