Непочитување на мерките за заштита е причина за ширење на коронавирусот во новата осма по ред штипска конфекција, каде што во изминатите два дена се регистрирани три позитивни, a десетина работници сеставени во изолација покажа денешниот увид од епидемиологот од Центарот за јавно здравје – Штип, информира МИА.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека според увидот причина за ширење на вирусот е неносење на заштитни маски од страна на работниците, како и нивно групирање за време на паузите, а притоа неносејќи заштитна опрема и не држеле дистанца од два метра.

Штип денеска го нема во здравствениот билтен, па останува со 202 активни случаи на КОВИД-19. Епидемиолозите дневно на повеќе пунктови земаат по 50 брисеви, а се уште очекуваат резултати за стотина брисеви, помеѓу кои се и и контролните за 53 текстилни работници од првата конфекција што беше затворена на крајот од мај.