Во последново деноноќие, според извори на ТВ Алсат, регистрирани се 127 новозаболени од коронавирус во Македонија.
Ако бројката биде и официјално потврдена тоа ќе биде најцрниот рекорд од почетокот на епидемијата во Република Македонија.
Досегашниот црн рекорд изнесуваше 107 заболени лица регистрирани во еден ден односно за 24 часа на 16 април годинава.
Во текот на изминатото деноноќие на 435 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.
Повеќе од 110 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но се уште се работат и други земени брисеви, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје.
Од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје.