Само ако сме обединети ќе го победиме и коронавирусот, порача денеска бившиот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Тој ги повика граѓаните да останат дома овој викенд, за како што вели, посилни да го изминат овој момент.

– Само со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме. Секој мора да носи маска, да се дезинфицира редовно, да држи дистанца од два метри и да нема групирање. Корона вирусот е реалност и никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба. Овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој. Само ако сме обединети ќе го надминеме овој предизвик. Сега е потребно единство и дисциплина од секој од нас. Ќе успееме, порача Заев на Фејсбук.

Како што е веќе познато, од денеска од 21 часот почнува полицискиот час за продолжениот викенд и ќе трае до 5 часот изутрина в понеделник.