НЕОФИЦИЈАЛНО: Денеска 88 заразени со коронавирус само во Скопје, а 160 во Македонија?

/ 05.06.2020

Се уште нема официјални информации од Институтот за јавно здравје за вкупната бројка на новозаболени на ниво на цела Македонија.

Според информации за ТВ Сител од Центарот за јавно здравје само во главниот град изминатото деноноќие се дијагностицирани 88 нови случаи позитивни на Ковид-19.

Најголем број од овие случаи се во скопската општина Чаир каде што според информациите има над 110 активни случаи на Ковид-19.

Повикувајќи на на свои неофицијални извори, ТВ Канал 5 денеска јавува дека бројот на новозаразени во Македонија е околу 160, од кои во Скопје се околу 100 случаи.

Нивниот извор од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на заразени особено во Скопје.


Од истата категорија