Комисијата за заразни болести размислува да предложи до Владата нови мерки поради зголемениот број на заразени со Ковид-19, чиј број вчера беше 225 инфицирани, објави порталот Фактор.

Како што дознава, се планира во недела се да биде затворено и да не работи ништо, а останатите денови угостителските објекти да работат само до 22 часот.

Ова следува откако вчера имавме втор рекорд на заразени со коронавирус од почетокот на епидемијата.