Полицискиот час наместо од 22 од 17 часот до 5 часот утрото од петок до понеделник е една од можните рестриктивни мерки кои се планираат за Македонија за крајот на оваа недела односно за викендот кој доаѓа.

Како што објави порталот Фактор, се размислувало дури и за целосен „локдаун“ во текот на двата дена од викендот, но таа опција е малку веројатна, говори извор на Фактор, кој потврдил дека од друга страна, заострувањето на рестрикциите е извесно.

Од Министерството за здравство потврдуваат дека е можно да следува викенд во кој ќе има порестриктивни мерки за заштита, но дека таква одлука се уште нема. Дали ќе има ќе зависи од бројот на заболени и хоспитализациите во деновите до петок.

Членови на Комисијата за заразни болести за Фактор изјавиле дека нема најави за нови состаноци, а неофицијално тврдат дека нивната улога во последниот период е безначајна затоа што одлуките не се дискутираат на ниво како кога почна епидемијата.

Одлуката за заострување на мерките би можела да се донесе и поради зголемениот број на семејни собирања, но најмногу поради полнењето на кафулињата и рестораните особено во викенд деновите.

Фактор објавува подолг текст на оваа тема.