Новинарот Сашо Орданоски, еден од „ведетите“ на сега веќе „мртвата“ 1ТВ на Боки 13, во периодот кога работел токму кај Бојан Јовановски изгледа тешко „спојувал крај со крај во месецот“, па одлучил да соработува и со СЈО на Катица Јанева, објави ТВ Канал 5.

Телевизијата пишува дека, според алатката на Министерството за финансии, наречена „Отворени финасии“, може да се види дека Ордановски 8 пати во текот на 2018 година добил пари од СЈО во вкупна вредност од 255.000 денари.

Она што е крајно симптоматично, наведува Канал 5, е фактот дека „колегата“ Орданоски, додека работел за медиум, во овој случај 1ТВ, истовремено поседувал и сертификат за државна тајна и примал средства од СЈО.

Телевизијата вели дека на јавноста треба да и се објасни дали сертификатот бил добиен по евентуален налог на Катица Јанева или некоја друга институција, на која основа му биле исплаќани средствата на Орданоски, и како е можно никој во државава тоа да не го нотирал, и истовремено да реагирал?