Најмалку пет лица загинаа, а 21 се повредени во автобуска несреќа што се случи јужно од Москва рано утринава, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила во областа Рјазан, на околу 270 километри од Москва, соопшти руската Федерална управа за патен сообраќај.
Автобусот, во кој имало 49 патници, наводно удрил во столб и излетал од патот.