Маргарита Паша (24) минатата недела, по нејзиниот втор обид ја освои круната Мис на Украина, и воодушеви многумина со јога позите кои ги изведуваше.
Убавата Маргарита ќе има можност да ја претставува Украина на натпреварот Мис на светот во Лондон на 14 декември.
Украинската убавица е исто така се повеќе популарна на Инстаграм, каде ја следат речиси 10 000 луѓе. На својот профил таа покажува неверојатни јога кои ги изведува и промовира здрав начин на живот.
„Спортот е моја единствена зависност“, напиша неодамнешната мисицата, која исто така е импресивна во ритмичката гимнастика.