„Светско чудо”, ја нарече Борисов гробницата, од која поголем е само мавзолејот на Октавијан Август во Рим.
Оваа гробница ќе стане светска атракција откако ќе биде целосно откриена и експонирана. Тоа го најави бугарскиот премиер Бојко Борисов по испитувањето на ископувањата на Малтепе, најголемиот рид на Балканот. Се наоѓа на 20 километри од Пловдив и веќе во неа се откриени 8 метри од јужниот ѕид на огромен гроб.
„Нема таква во светот, ако ги исклучам египетските пирамиди. Највисоката гробница во нашата земја е Поморијската, но таа е 5,5 метри. Други слични гробници се во Рим и Палмира, но тие достигнуваат до 6 метри. А нашата е над 20 метри”, му објасни археологот доц. Костадин Кисјаов
Борисов го нарече откритието чудо, кое ќе биде одлична реклама не само за Пловдив, но и за Бугарија.
„Тројца римски императори се убиени во балканските земји и гробовите на двајца од нив се уште не се знае каде се”, додаде премиерот Борисов.
Тој пристигна во саботата на пладне и тргна кон могилата. Пред него дојде министерот за култура Боил Баново, кој пред една недела беше за првпат на објектот. „Да не излезе одвнатре некој ковчег”, го праша археологот Банов. Кисјаов му одговори дека при разоткривањето надолу во могилата се може да се очекува.
Во тоа време, премиерот се појави и веднаш се упати кон врвот на могилата.
„Овој малтер колку е стар”, го праша Борисов научникот, и ја допре со раката градбата од камења и тули, споени со малтер.
„Изграден е кога погребаниот бил уште жив по сличноста на фараоните”, одговори Кисјаев. Борисов се насмеа. „Ако не ги направат додека се живи, после нема кој да им подигне таков објект”, рече премиерот.
„Има ли повисока од оваа гробница”, продолжи да прашува Борисов. „Не, и тоа е ограничувачко. Слични гробници кули има, но не се со пирамидална структура како нашата “, му одговори археологот. Засега, таа датира од 3 век. Но, не е исклучено да е од порано. Премиерот побара да знае дали постои таков објект во Грција. „Ниту во Грција, ниту во Македонија”, тврди Кисјаов.
„Вие археолози сте ретки птици. Сите – од овде до Петрич “, се пошегува премиерот.
Откако ги обиколи ископувањата, тој нареди работата да се забрза. „Ако треба, ќе се зголеми и тимот, но, догодина во септември, кога е врвот на прославата за европска престолнина на културата во Пловдив, оваа гробница треба да е завршена и да ја покажеме на гостите”, рече Борисов.
Според него, ретка шанса Бугарија да има таков уникатен објект на 20 километри од Пловдив, на час од Перперикон и на 40 минути од Берое (Стара Загора).
„Вложивме многу пари на археолошките истражувања. Во Петрич откриваат уникатни наоди на 800 метри од Рупите. Сето ова ја зголемува националната самодоверба “, рече премиерот. Борисов спомнал дека кинескиот премиер, при посетата на Бугарија, не верувал дека златото од некрополата во Варна е најстарото во светот.
Државата му се раздолжи на Пловдив со последните 9 милиони лева за Европска престолнина на културата. Со нив сумата изнесува 20 милиони лева. Има пари, нека се работи “, препорача премиерот. Градоначалникот Иван Тотев додаде дека општината Пловдив досега го финансирала истражувањето на могилата со 200.000 лева.
Гробницата во Пловдив – колосална пирамида од 22 метри, поголема е од ризницата на Атреј во Микена.
Само мавзолејот на Октавијан Август е посупериорен.
Нешто невидено за Балканот – гробница пирамида, висока 22 метри, излезе при ископувањата крај пловдивското село Маноле.
„Нејзините огромни димензии покажуваат дека таа или е царски, или припаѓале на еден од последните тракиски кралеви”, претпоставува нејзиниот пронаоѓач доц. д-р Костадин Кисјаов. Гробницата во близина на Пловдив е уште поголема од ризницата Атреј во Микена, најголема во светот со своите 14 метри. Само мавзолејот Октавијан Август во Рим се извишува на 42 метри.
Експертите во античка архитектура се воодушевени од откривањето на могилата Малтепе во близина на селото Маноле. И тие признаваат дека таков објект не виделе во Бугарија, па дури и на Балканот.
„Таа е величествена. На врвот, каде што е најтесна, таа е 7 на 7 метри, со секој следен сектор надолу се шири, за да стигне на основата 12 на 12 метри. Самата могила била опкружена со потпорен ѕид од мермерни блокови долги 450 метри”, соопшти сензационално археологот Кисјаов.
Првично, неговиот тим верувал дека во огромната могила имало две гробници една над друга. При ископувањата, локализирале зграда во базата на могилата. Разоткривањето сега започнало од нејзиниот врв, каде што прво се појавил покривот на античката градба.
„Сметавме дека сме дошле на втората гробница, но се покажа дека објектот е еден – колосален и импресивен”, раскажа научникот.
На терен зачуваните останки се извишуваат до 20 метри. Излегува дека всушност таа била 22 метри, бидејќи археолозите, на урнатините од ловците на богатство, откриле покрив од огромни мермерни блокови, тешки по половина тон. Тие претставувале постамент, кој ја носел статуа на врвот. Најверојатно таа била на погребаниот или на врвно божество, почитувано од положениот во гробницата.
“Се надеваме дека наредните денови да откриеме околу покривот и остатоци од статуата, ако не е украдена од ловците на богатство”, вели Кисјаов. Самата античка градба е во форма на пирамида – нешто што се уште не е откриено во Бугарија.
Градбата е мешана – кршени камења и правоаголни тули, споени со малтер. На местата за спојување се користени гранитни блокови.
„Јас сум изненаден. Не очекував таква градба. Дури и мавзолејот на царот Галериј во денешна Србија достигнува не повеќе од 5 метри висина. Слични гробници има во Палмира, но тие не се пирамидален тип. Во најголемото централно гробишта „Виа Латина” во Рим гробниците кули исто не надминуваат 5-6 метри “, објаснува археологот.
И покрај тоа што во оваа фаза открил само 7 метри од јужниот ѕид и уште не влегол во самата комора, тој бара одговор на прашањето чија е оваа прекрасна гробница. Досега има две опции.
„Откривме 45 бронзени монети и делови од глинени садови, како и бронзена фибула. Сите овие материјали се од средината на третиот век. Ако не најдеме артефакти од порано, оваа градба на оваа фаза ја сметаме од времето на војничките императори, кога одринското царство било веќе одамна ликвидирано. Тракија во тоа време е управувана од римските императори и нивните легати (архони и заменици). Според тоа, може да се смета дека монументалниот гроб во Малтепе му припаѓал на император “, вели Кисјаов.
Откриената бронзена фибула претставува свастика и секој нејзин крај завршува со коњска глава. Овие орнаменти се карактеристични за Готите, кои во средината на III, век го пустошат Филипопол.
„Може да се расудува дека во гробницата е положен император, кој водел битки со Готите и нивниот предводник Книва”, вели научникот. И го споменува Трајан Дециј, за кого се знае дека е убиен заедно со неговиот син до Абритус (денешен Разград), но не е јасно каде е погребан. Друг војнички император малку подоцна бил Галериј. Тој е роден во Сердика и според некои историчари е погребан таму, но нема категорични писмени сведоштва за тоа. Трети римски венценосец кој потекнува од Илирија (Србија) е Аврелијан. Тој ја обединил империјата, водел војни со Палмирското царство. Убиен е во реонот на Византион, но за него исто така не се знае каде е положен.
За време на ископувањата на Малтепе археолозите утврдиле доградување на могилата во нејзината периферија. Тоа ги наведува на помислата дека гробницата може да е порано и да се поврзе со I-II век.
Можно е да е на некој од последните владетели на династијата Одриско-саписката.
Тракијскиот крал Реметалк Први е вазал на Октавијан Август и бил меѓу милениците на императорот. Како што е познато, најмоќниот творец на Јулиево-Клавдиевата династија уште додека бил жив пред 28 пр. Хр. почнал да гради својот колосален мавзолеј во Рим.
„Може да се рече дека Рематалк Први го копирал моделот на Август и одлучил да направи прекрасен гроб. Сепак, владеел со огромна територија – од Дунав до северниот егејски брег. Не е исклучено да е и на Реметалк Трети – последниот одринско-сапејски владетел, убиен крај Филипопол “, сметаат траколозите.
Археологот Кисјаов сепак не мисли дека императорот ќе му дозволи на вазал да си прави толку голема гробница.
“Не можеме точно да кажеме додека не го откриеме целиот објект и не влеземе во него. Во оваа фаза градбата е од подоцнежен период. Немаме откриено керамика од втори век “, додаде истражувачот. Категоричен е дека претстои уште многу работа, а ископувањата ќе продолжат и во 2019-та. Тие се финансираат втора година од страна на општина Пловдив, но таков голем објект не е во нејзина финансиска моќ
„Треба да се интервенира и државата. Ги информирав и премиерот Бојко Борисов и министерот за култура Боил Банов дека за да ја откриеме целата гробница со влезот, треба да се ископаат и превезат уште 30 000 кубика ископини. Ова бара средства за да продолжат истражувањата, а потоа реставрација и конзервација на споменикот “, категоричен е археологот.
По завршувањето на ископувањата, локацијата најверојатно ќе биде управувана од Пловдивскиот археолошки музеј, каде што е директор Кисјаов. “Најверојатно, ќе биде неопходно да се изгради музејски центар веднаш до могилата каде што ќе бидат прикажани сите артефакти”, додаде тој. Според него изградениот центар пред две години до Малтепе нема ништо заедничко со археолошките откритија.
Што претставува мавзолеј на Август
Гај Јулиј Октавијан, на кого Сенатот му дава титула Август – Возвелен, изградбата на својот мавзолеј ја почнал уште во 28 пр. Христа на Марсово поле во Рим. Тој е меѓу првите архитектонски проекти на владетелот, основоположник на единствена власт наречена Принципат. Гради импресивната гробница по победата во поморската битка кај Акциум (31 г. пр. Хр.), претворајќи се во полновластен господар.
Мавзолејот има кружен облик и содржи неколку концентрични кругови земја и тули, засадени со чемпреси и покриени со конусен покрив, на врвот на кој има статуа на царот. Сводовите го поддржуваат покривот и подолу формираат погребни ниши . Два идентични обелиска од розов гранит ја прават арката на влезот. Бил 90 метри во дијаметар и 42 метри висок. Пред Август, таму е погребан неговиот внук Марсел, неговиот пријател и зет Марк Агрипа, неговата сестра Октавија, а по неговата смрт и неговата сопруга Ливија, неговиот посвоен син Тибериј и Агрипина. По смртта Октавијан Август е прогласен за божество и се слави како бог во провинциите на Империјата.
Текст и фото 24часа.бг