Во Германија, во пресрет на утрешните парламентарни избори, пуштена е во продажба лимитирана серија златници со ликот на канцеларката Ангела Меркел.
Продажната вредност на монетата започнува од 49,95 евра, соопшти колекционерската куќа МДМ.
Златникот тежи 0,58 грама чисто злато, примерок 999. Неговата големина изнесува 12,5 милиметри, а тиражот е 5.000 парчиња.
На монетата се наоѓа ликот на Ангела Меркел и изгравирана е 2005 година, кога таа ја презеде функцијата канцелар на Германија.
Соопштено е дека серијата златни монети е издадена во чест на највлијателната жена во светот.
Кај нас можете да купите златници со ликовите на Богородица и Гоце Делчев.
Во 2000 година НБМ издаде серија златници со различни мотив, на пример 2000 години христијанство, 10 години осамостојување, потоа златници со ликовите на Мисирков, Конески, Делчев, Гриев итн, но ниту еден до лик на актуелен политичар.
Своевремено во СФРЈ, беа издавани златници со ликот на Јосип Броз Тито.