Во пакетот мерки за кои се договорија републиканците и демократите во САД, предвидено е меѓудругото, секој Американец кој има приходи до 75 000 долари на годишно ниво да добие чек од 1 200 долари како помош. Тие над 75 000 ќе добијат помалку, а вредноста на чекот се намалува како расте годишниот приход.
Целта е да се зголеми потрошувачката и да се намали ударот од очекуваните отпуштања.
Наспроти тоа, кај нас, според изјавите на Зоран Заев, се очекува намалуавње на платите, тие во јавниот сектор ќе се спуштат на 14 500 денари, а Заев побара и солидарност од сите граѓани за надоместување на 600-те милиони евра кои и недостигаат на Владата. Имено, кусокот е 1,2 милијарди, 600 милиони ќе биде задолжувањето, а останува кусокот од 600-тини милиони за кои Заев бара сите да бидеме солидарни.
Постојат низа анализи за тоа зошто САД можат да си дозволат ваков чекор, една од тие се базира на фактот дека доларот е резервна валута во светот, но во основа станува збор за различни пристапи: едниот е да се зголеми потрошувачката за да се поткрепи економијата, а другиот е да се намали потрошувачката со што Македонија ќе влезе во волшебен круг: колку повеќе ќе се намалува потрошувачката, толку повеќе ќе паѓа економијата. Колку повеќе ќе паѓа економијата, толку повеќе ќе има нови рестриктивни мерки кои ќе предизвикуваат ново намалување на економијата и така во круг.
Така пто, сега сме оставени на милост и немилост на вирусот и тоа не само кај нас, туку зависме и од тоа како ќе се одвива ситуацијата во светот и пред се во Европа.