Десетмина припадници на воените сили се убиени во североисточниот дел на Нигерија во напад на Исламска држава над градот Магумери, објави исламистичката агенција АМАК.

Џихадистите објавија фотографии од починатите, за кои тврдат дека се припадници на нигериските војници, што е потврдено и од неколку различни извори, вклучувајќи и еден воен.

Како што се наведува, по појавата на воздушните сили и доаѓањето на пешадиските единици од соседниот град, исламистите се повлекле.

Исламска држава на територијата на Западна Африка изминатите месеци изврши неколку напади на Нигерија.