Во вчерашните два напада на Исламска држава на провинциите во Западна Африка загинаа најмалку 20 војници и повеќе од 40 цивили, а повредени се стотина луѓе во североисточната нигериска држава Борно.
Според очевидците, напаѓачите вооружени со тешко оружје, вклучително и ракетни фрлачи упаднале во Монгуно, седиштето на меѓународните невладини сили и ги совладале владините безбедносни сили, при што загинале 20 војници.
Во вкрстен оган повредени се стотина луѓе.
Во исто време терористите на мопеди и на камиони упаднаа во Нганзаи и убија над 40 цивили.
Одговорност за нападите презеде Исламска држава на провинциите во Западна Африка.
Припадниците на ексстремистичката група Боко харам и на Исламска држава на провинциите во Западна Африка досега убија илјадници луѓе и предизвикаа егзодус на милиони луѓе во североисточна Нигерија.