Во два одвоени напада во сојузните држави Кадуна и Кацин, во северниот дел на Нигерија, убиени се 36 лица, пренесоа британските медиуми, повикувајќи сена изјави на официјални лица и на населението.

Само еден ден по нападот на џихадистите во североисточната држава Борно, каде беа убиени најмалку 16 лица, а десетици други беа повредени, британските медиуми известуваат за серија нови напади на вооружените бунтовници, во кои се убиени по 18 лица во селата Кадуна и Качина, додека има и повеќе ранети, а напаѓачите ги палеле и ги протерале од нивните домови.

Минатата недела неидентификувани вооружени лица убија ученик во напад врз интернат во нигериската северно-централна држава Нигер, кога киднапираа 42 лица, од кои 27 беа ученици.

Нигерија се бори против исламистичките бунтовници од Боко Харам кои тероризираат области на северо-истокот на земјата, како и со насилството од страна на другите вооружени групи во локалните заедници во кои вршат грабежи и киднапирања, а претседателот Мухамаду Бухари во јануари мораше да го смени военото раководство поради влошувањето на безбедносната состојба во земјата, пренесуваат британските медиуми.