Почитувани пријтаели, позади нас е година на порази, година во која цветаше криминалот и корупцијата, а економијата тонеше. Погледнете ја мојата битка против ова во 2023 година:
ЈАНУАРИ 2023: Отсуството на државна стратегија не доведе до точка на студена војна со Бугарија.
-Можам да споделам еден пример поврзан со Македонците и националното малцинство во Бугарија. Во овој момент има шеснаесет пресуди или одлуки на Европскиот суд за човекови права кои не се спроведуваат во Бугарија.
ФЕВРУАРИ 2023: Дали една од темите за влез во Владата е убавата куќа во Тафталиџе која што му е подарена на Арбен Таравари… Ова е како изгледа политичката корупција во Македонија.
МАРТ 2023: Мониторинг Комитетот на Парламентарното Собранието на Советот на Европа ме избра за известител на БиХ.
АПРИЛ 2023: Што предвидува Договорот што го има потпишано Артан Груби со Бехтел и Енка? Вели: Доколку по 45 дена од потпишување на Договорот не се зголеми работната недела, значи Владата во име на Собранието презела обврска, иако во уставниот поредок е обратно, во тој случај ќе се плаќаат пенали од три вида…
-Една земја членка, Бугарија, не е посветена на своите обврски како членка на Советот на Европа. Бугарија со години одбива да ги спроведе пресудите на ЕСЧП. Има 16 пресуди на Судот за Македонците во Бугарија кои не се спроведуваат. На Македонците им е забрането да го користат и да го учат својот мајчин јазик, ограничено им е правото на собирање и учествво на изборите. Овие пресуди мора да се спроведат.
МАЈ 2023: Преку глава ми е, 30 години Македонците мораат да попуштаат…
ЈУНИ 2023: Битката допрва почнува. Ова ни е последната шанса да направиме просперитетна и независна Република Македонија.
ЈУЛИ 2023: Работата на Уставната комисија покажа дека нитуе еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат. Тоа е јасно.
АВГУСТА 2023: Треба да е свесен македонскиот народ дека ВМРО е национален проект на македонскиот народ. ВМРО е многу повеќе од политичка партија. ВМРО е многу повеќе од сегашните 44 пратеници или утрешните, дај Боже, 61-62 пратеници, од ова или од она раководство. ВМРО е национален проект на македонскиот народ и секогаш кога ВМРО е силно, силен е и македонскиот народ.
СЕПТЕМВРИ 2023: Ова е стикче во кое се измените на Законикот…. Тоа е доставувано до Али Ахмети…. од поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
ОКТОМВРИ 2023: Радев и Јотова го користат членството на Бугарија во ЕУ, барајќи од Македонците да ја променат историјата, да ги променат јазикот и културата за да започнат преговори со ЕУ. Истовремено, тие не им даваат никакви човекови права на Македонците во Бугарија, лишувајќи ги од правото на самоопределување, употребата на мајчин јазик и правото на образование и здружување. Во последните месеци, тие отидоа чекор подалеку, барајќи од Македонците во Албанија да го сменат идентитетот од Македонци во Бугари.
НОЕМВРИ 2023: Следните претседателски и парламентарни избори ќе бидат референдум за иднината на Македонија.
ДЕКЕМВРИ 2023: Клучно е да имаме чист мандат. Ако имаме чист мандат, полесно ќе ги туркаме процесите и проектите. Доколку немаме чист мандат, ќе е мнгу потешко!
Во Новата година, излезете масовно на изборите и поддржете ги промените. Доаѓа надежта. Ви посакувам многу поубава, повесела и посреќна 2024 година во која што ќе правиме убави работи за Македонија!