Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Фејсбук напиша дека има денови за историја, а денешниот ден е еден од нив!
-ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи газење на македонскиот национален идентитет, негирање на македонската историја и култура.
Денес во Собрание ќе гласаме ПРОТИВ уставни измени! НЕ за уцени и негирања! Кај оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ УЦЕНИ НЕ ПОМИНУВААТ!
Да ја вратиме гордоста кај народот, ПОПУШТАЊА НЕМА!
Македонци гордо и со крената глава, објави Николоски.