Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова најави дека подготвува писмо што ќе го испрати до Советот на Европа во врска со случајот со децата од Република Македонија кои ја посетија Бугарија и беа примени од бугарски политичари.

За писмото Јотова говореше во гостување во емисијата „На фокус“ на бугарската Нова ТВ.

Во писмото, како што вели, ќе посочи колку работи се прекршени од општата Повелба за човекови права и за правата на децата и како се злоупотребуваат децата за сомнителни политички цели.

– Овие деца не дојдоа да се сретнат само со бугарските институции, тие дојдоа заедно со бугарските деца да се сликаат за мир, за разбирање, за добрососедство – што треба да биде основата на нашите односи, рече Јотова.

Од ОЈО Битола потврдија дека ја добиле кривичната пријава од МВР за злоупотреба на деца од Битолскиот монмарт кои, без да знааат нивните родители, биле носени на средби со бугарски политичари.