Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се сретна со лозарите од неготинско и ги информира за јавната расправа во Собранието во која мнозинството предводено одн СДСМ ги одби сите предлози на ВМРО-ДПМНЕ за да се најде начин да им се помогне на лозарите.

-Дојдов меѓу лозарите во Тимјаник, неготинско, да им кажам дека власта на Заев повторно ги предаде. После 3 дена јавна расправа во Собранието во која лозарите си ги искажаа своите маки, мнозинството предводено од СДСМ ги одби заклучоците предложени од ВМРО-ДПМНЕ кои меѓу другото предвидуваа:

– интервентен државен откуп на сето неоткупено грозје

– навремена исплата на грозјето

– гарантирани цени кои се најмалку 20% повисоки од производната цена

– да се исплатат дополнителни 96 илјади денари за хектар субвенции

– да се ослободат лозарите од плаќање закуп за земјоделско земјиште и надоместок за вода

– да се одзема лиценцата на секоја винарија која нема да ја почитува договорената цена и количината за откуп

Впрочем, сето ова го ветуваше Заев кога беше во опозиција. Сега бараме само да се реализира тоа што го ветуваа.

Повторно излажаа и ги оставија лозарите на цедило. Затоа што Заев е на страна на зелената мафија. нема образ да дојде и ова да им го каже на лозарите. А ние секогаш сме на страна на народот и со народот. Тоа е разликата – порача Николоски.