Потпретседателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања постави прашање до премиерот на Владата Димитар Ковачевски како Чифлиганец станал сопственик на топловодната и производствена мрежа во Скопје, како и дали во Македонија се живее подобро.

Она за што исто така треба да дадете одговор како еден транзициски олигарх од типот на Чифлиганец сега е сопственик на топловодната и производствена мрежа во Скопје. Има и многу други прашања, но еве одговорете дали во Македонија се живее подобро, праша Николоски.

Ковачевски не одоговори индиректно туку посочи дека постојат документи во Централниот регистар за сопственоста на компаниите, како истите се купени и од кои банки се земени кредити, додавајќи дека во такви постапки не сакам да навлегува.

Во однос на топлинската енергија, за сопственоста постојат документи кои што се јавно достапни и кои што може да се видат во Централен регистар, кој како ги купувал компаниите, каде ги земал кредитите во кои банки, и врз основа на кои услови, какви постапки не сакам да навлегувам, рече Ковачевски.