Вечерва за вестите на Канал 5, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека предвремената кампања на СДСМ резултираше со околу 200 лица од УЈП во самоизолација, поради тоа што директорката е заболена од корона вирусот. И преку 80-тина од врвот на СДСМ се во самоизолација. И од тоа може да се постават и добри политички прашања како на пример, дел од луѓето кои што се во самоизолација се луѓе кои по опис на своите работни задачи не смеат да бидат во партиска функција како на што е директор на финансиска полиција или директор на Агенција за разузнавање.
„Дел од луѓето кои што се во самоизолација се луѓе кои што во опис и попис на своите работни задачи не смеат да бидат во партиска функција како на пример директор на финансиска полиција, или директор на Агенција за разузнавање. Тие треба да се независни институции. Едната е дури под претседателот која што не смее да биде под партиска координација, но гледаме дека биле во партиска координација“, нагласи Николоски.
Николоски додаде дека кога ќе се надмине корона вирусот треба ова прашање да се отвори како е возможно вакви независни институции кои што се занимаваат со безбедносни прашања да бидат координирани од политички центар односно од потпретседателот на владејачката партија СДСМ.