Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски  денеска се сретна со жителите Сирково, Трстеник, Манастирец, Росоман. На средбата се разговарало за  секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните и како да се променат работите на подобро. Ќе ги зачуваме националните интереси и нема да дозволиме да се гази на достоинството на македонскиот народ, напиша Николоски на социјалните мрежи.

„Се сретнавме со жителите на Сирково, Трстеник, Манастирец, Росоман. Непосредни и срдечни разговори со жителите, ги слушнавме маките и проблемите со кои се соочуваат. Заедно ги дискутиравме решенијата, имаме визија и има начини да се променат работите на подобро. Ќе креираме инфраструктурни проекти, ќе мора да се цени трудот и маката на земјоделците, ќе отвориме нови работни места, ќе го вратиме националното достоинство, ќе ги зачуваме националните интереси и нема да дозволиме да се гази на достоинството на македонскиот народ и ќе го подобриме животот во овој крај и во цела Македонија, напиша Николоски.