Македонскиот пазар функционира како дуопол и затоа се обидуваме да ги намалиме цените на услугите. Не е нормално да плаќате пакет од 5100 денари во услови кога минималната плата е 23 илјади денари, вели министерот Николоски.
“ Гледам дека се многу вознемирени двата оператори и сакам јавно да ги замолам да не се обидуваат преку јавноста да нарачуваат текстови и напади и уште помалку преку нивните амбасадори да се жалат дека имаат проблеми. Немаат никакви проблеми, единствено што јас сакам е да се намалат цените. Да ги намалат цените може нема да има потреба и од трет оператор, ќе гледаат со пониски цени да го освојат пазарот. Еве ако имате еден нормален пакет со мобилен телефон, фиксен телефон, оптички интернет и кабелска ТВ и тоа да ве чини 5100 денари во услови кога минималната плата е е 23 илјади денари, нормално е дека некој друг ќе гледа да ги намали цените и да понуди услови да го освои пазарот. И наместо да трошат пари на пр текстови нека ги намалт цените и ќе бидат поконкурентни”- истакна министерот Николоски
Тој исто така објаси дека Македонија е дел од т.н. “Чиста мрежа” каде преку законски измени не може да се користат технологии од кинески компании.
“Исто така сe пласираат тези преку блиски медиуми на двата оператори дека компанијата 4iG користи кинeска технологија. Прво Македонија и со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и со законски измени во 2022 година стана дел од таканаречената чиста мрежа според која кинески компании не можат да инсталираат технологија во Македонија. И овие два оператори не кажуваат дека тие користеа кинеска технологија, едниот Хуавеј, другиот ЗТЕ и никогаш не кажаа во јавноста што направија со таа технологија од која се откажаа од пред две години”- рече министерот Николоски во интервјуто.