23 Октомври е симбол на непокорот, стремежот кон слобода и вербата во сопствената држава. По повод Денот на македонската револуционерна борба, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски упати порака во која ја истакна важноста на историското наследство, македонскиот идентитет и посветеноста кон татковината.
„23 Октомври е симбол на непокорот, стремежот за слобода и вербата во сопствената држава. Тоа е ден што нè потсетува дека патриотизмот не е само збор, туку одговорност, дела и посветеност кон татковината“, напиша Николоски во објава на социјалните мрежи.
Тој нагласи дека обврска на сите е да го чуваат историското наследство, да ги негуваат македонскиот идентитет, јазикот и културата, како и да продолжат да се залагаат за достоинствена, просперитетна и обединета Македонија.
Николоски ја заврши пораката со честитка по повод празникот, упатувајќи порака за трајноста на македонската револуционерна организација и државата.
„Да ни е вечна организацијата, да ни е вечна Македонија!“, порача Николоски.




