Власта на СДС И ДУИ на заминување прави масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола! Целта е да се искраде што сѐ може на заминување! Тендери се штанцаат на дневна основа, нормално за омилената фирма на белорускиот конзул!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателов на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Исто така дневно десетици камиони носат увозен јаглен! Тие камиони транзитираат низ Новаци кон РЕК Битола.

Во сообраќајна несреќа при судир на еден од тие камиони со трактор, еден човек го загуби животот. Затоа жителите на Новаци организираат протести за крај на криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола!

Денсака, понеделник 27-ми мај од 10 часот се случува уште еден таков протест! Жителите на Новаци ја имаат мојата поддршка!

А, за криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола веднаш по формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе започнат соодветни постапки за расчистување!

Криминалците ќе одговараат!, пишува Николоски во својата објава.