Во рамки на својата работна посета на Рим и Ватикан денес Александар Николоски оствари посета и средби во Ватикан.

Николоски беше дел од делегацијата на Центристичката демократска интернационала (ЦДИ) која имаше прием во Ватикан. При тоа ја посети црквата Св. Петар, а имаше и аудиенција кај кардиналот Пијетро Паролони, државен секретар на Ватикан. Со кардиналот Паролини кој е прв човек на политичките и државни операции на Ватикан, Николоски разговараше за односите помеѓу партиите со десничарска и христијан-домкратска орентација и Ватикан, беа потврдени односите на највисоко ниво. Во свет кој е нападнат од левичарскиот поглед на светот, задржувањето на традиционалното семејство, слободата на економијата, борбата со пороците на модерниот свет се приоритет.

-Во рамки на работната посета на Рим и на Ватикан овие два дена остварив бројни средби. Ги информирав соговорниците за она што се случува во Македонија, за растечката корупција, за уназадувањето на економијата за злоупотребата на правосудниот систем од владата на Заев, за сите потфрлања со кои се соочува Македонија. Во исто време побарав граѓаните на Македонија да не бидат жртва за политиките на Заев, граѓаните на Македонија не смеат да бидат жртвувани заради корупцијата и неспособноста на Заев. Затоа е потребно Европскиот совет да донесе одлука оваа недела за почеток на преговори за членство со Европската унија, а веднаш потоа влдата да поднесе поставка и да одиме на брзи предвремени избори после кои што ВМРО-ДПМНЕ да ја превземе владата и со способни и одговорни кадри ќе успее да ги реализира реформите кои што се неопходни, не само за прогресот кон Европската унија, но исто така и за македонските граѓани, рече Николоски.

Николоски исто така ги поздрави напорите на кардиналот Паролини и папата Франциско за соработка и блиски односи со православната црква. Николоски се заблагодари за посетата на Македонија и побара Ватикан во своите можности да се заложи за признавање на Македонската православна црква.