Николоски: Западни вредности не се наместени тендери за Вице Заев

/ 24.10.2018

Во своето гостување во Отвореното студио на Телевизија 1, Александар Николоски, потпретседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во Брисел и Вашингтон многу добро ја знаат прозападната ориентација на опозицијата.

Тој забележа и дека СДСМ не ги промовира овие прозападни вредности за кои декларативно се залага, притоа споменувајќи ги наместени тендери, бизниси за членови на семејството и братот на премиерот кој според него станува главен бизнис фактор во државата.

-И во Брисел и во Вашингтон, многу добро знаат која е ориентацијата на ВМРО-ДПМНЕ и дека таа е прозападна, про НАТО и про ЕУ. Всушност ние сме и прва партија која тоа го промовирала. Во исто време многу добро знаат дека прозападни и про НАТО и ЕУ вредности не се наместени тендери, бизниси за членови на семејството и братот на премиерот кој станува главен бизнис фактор во државата. Тоа се далеку од едни европски и западни вредности. Во исто време единственото несогласување кое што го имаме е по однос на промената на Уставот со цел на уставното име и обидот на Владата да спинува дека ВМРО-ДПМНЕ е против НАТО и ЕУ, а во исто време да си ја покрива својата неспособност и апсолутно катастрофално владеење, особено во областа на владеењето на правото и економијата, не поминуваат, вели тој.


Од истата категорија