СДСМ ја отфрла можноста за формирање на широка влада по тесниот изборен резултат од минатата недела.
Партискиот генерален секретар во интервју за порталот Локално вели дека да за неговата партија прифатлива е само опцијата за политичка влада која ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Се контактира со повеќе субјекти, а процесот на преговори ќе почне веднаш по илинденските празници.

Се уште течат роковите за целосно заокружување на изборниот процес, следува конституирање на Собранието, после што Претседателот на државата има 10 дена да го додели мандатот, а мандатарот после тоа во рок од 20 треба да состави предлог за Влада.

Очекувам во текот на месец август да го заокружиме изборниот процес, согласно уставните рокови, со што ќе се стават во функција новото Собрание и новата Влада“ – вели Николовски.

Николовски вели дека законот е јасен и дека ДУИ не може да го добие мандатот за формирање на Влада бидејќи граѓаните ги рангирале како трети на овие избори, а мандатот го добива првиот.