Од „заробена држава“ денеска сме најпозитивниот пример во регионот. Ја обезбедивме сигурната иднина на граѓаните, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
– Остваривме две од најважните стратешки цели: ние сме 30-та земја членка на НАТО и имаме одлука за почеток на преговорите со ЕУ, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Ја вративме слободата и демократијата. Во време на режимот се шепотеше, денеска гласно се зборува. Од минус 1,8 пад на економијата во времето на ВМРО-ДПМНЕ, обезбедивме раст на БДП од +3,6%. За 2,5 години бројот на вработени граѓани го зголемивме за над 67.000 нововработени, а стапката на невработеност ја намаливме за 6%. Покажавме грижа за сите. Платите ги покачувме речиси во сите сектори, минималната плата два пати ја покачивме и сега е 14.500 денари. Ги зголемивме и пензиите за 720 денари. За овие три години ја извадивме земјата на прав пат, а денес знаеме дека заедно со вас, граѓаните, #можеме уште повеќе и уште подобро, објави Николовски на Фејсбук.
Ако по утрото се познава денот, а по денешниов ден иднината, не ни се пишува добро со 89 заразени од коронавирус, седум починати и раширена зараза во редовите токму на СДСМ.
(Д.Г.)