Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, објави соопштение по вчерашното усвојување уставни измени од Парламентот во Скопје во кое ги поздравува потезите за имплементација на Договорот од Преспа.
– Би сакал да им честитам на Парламентот и на граѓаните на земјата за ова остварување и за демократскиот начин, на кој овој важен процес беше преземен. Овој историски договор помеѓу два соседа ја отвора вратата за нови односи меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во Договорот. Како и во минатото, Обединетите нации остануваат посветени на соработката со двете страни за конечно решавање на разликата меѓу нив, се вели во пораката на Нимиц