Синоќа по изгласувањето на смената на уставното име на Република Македонија, лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, заедно славеа за Северна.

На социјалните мрежи се појави фотографија од заедничката прослава.

Усвојувањето на катастрофалниот договор од Преспа го славеа премиерот Заев и неговиот главен коалиционен партнер Ахмети. Заедно со Заев и Ахмети славеа и собранискиот спикер Таљат Џафери, вицепремиерот за евроспки прашања Бујар Османи и други.

Од фотографијата се гледа задоволство кај коалиционите партнери од постигнатиот „успех“ за смена на името на државата.

На социјалните мрежи се појавија и други фотографии од прославите за Северна, на кои се гледа дека заедно славеле и лутите ривали на ромските партии Амди Бајрам и Самка Ибраимовски, како и лидерот на ЛДП, Горан Милевски.