Поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани, изјави дека од земји на ЕУ стигнуваат сигнали дека во јуни нема да бидат почнати преговори за членство.
Според него, причина за тоа се бандитизмот и корупцијата, дрогите и криминилазцијата на државните институции, купување избори и убивање на надежта.
„Главните челнки на ЕУ ги испратија првите сигнали дека Албанија нема да добие конечен датум за преговори со ЕУ додека одредени услови не се исполнат. Причина за ова се бандидтизмот и корупцијата, дрогите. Исто така огромното бегство од земјава, како и контрола на сите власти од еден човек“, изјави Нишани.
Тој додаде дека одговорните за ова повторно ја стават Албанија во изолација од останатиот цивилизиран свет.