Една од клучните лаги на Зев беше дека во текот на неговиот мандат ќе сме имале, односно ќе сме достигнеле просечна плата од 500 евра или околу 30.000 денари. И СДСМ и Заев и натаму продолжуваат со таа, сшоред опозицијата пропагандна лага, односно со тоа реално ветување кое носи „Живот“ според поддржувачите на СДСМ.

Меѓутоа, проблемот со ова ветување е што е нереално, а зошто е така појасни Мицковски во синоќешниот дуел. Според него, за да се достигне просечната плата о 30.000 денари, секоја година платите треба да раснат по 11 отсто, без инфлација, а сега платите раснат со 4 отсто, односно со 5,6 отсто според Заев. Кога се ќе се пресмета, при лоши прогнози за БДП и з аоваа година (ние се расправаме дали БДП ќе раснел три или два отсто ако што предвиодуваат ММФ и Светска банка, а и едното и дургото во услови кога не постои европска криза како во 2009-2013 година е катастрофално малку) и кога на ова ќе се додаде минусот кој сега постои (раст со 4 или 5,6 отсто наместо 11 отсто, па тој минус од седум односмно 5,4 отсто треба да се достигне наредните години), станува јасно дека какви и статисички вратоломии да прави Владата на СДСМ и ДУИ, од 500-те евра нема ништо.