Преку новиот берлински аеродром „БЕР“ за првпат во еден ден минаа над 50.000 патници, јави денеска ДПА.

-Позитивниот тренд од изминатите неколку недели очигледно продолжи за време на празниците, изјави денеска директорот на аеродромот „Енгелберт“, Луетке Далдруп.

„На нашиот аеродром има празнично расположение“, додаде тој.

ДПА, повикувајќи се на податоците на аеродромските служби, посочи дека вчера низ новиот аеродром „Бер“ минале повеќе од 50.000 патници. Минатата година просекот на патници во нормалните денови изнесувал околу 30.000 патници.

Овие бројки, меѓутоа, генерално се далеку од вообичаените пред пандемијата на коронавирусот. За време на летната сезона во 2019 година, низ аеродромите „Тегел“ и „Шонефелд“ во Берлин, во најпрометните денови, минуваа и до 120.000 патници.

Аеродромот „БЕР“ беше отворен кон крајот на октомври 2020 година, со задоцнување од девет години, во услови на пандемија кога веќе беше предизвикан драматичен пад на патувањата.