Тимот на Њу Орлеанс Пеликанс ги финализира преговорите за латвискиот бек Даирис Бертенс од италијанскиот клуб Олимпија Милано. Веста беше потврдена од водечките американски изданија, меѓу кои и „ЕСПН“

Дваесет и девет-годишниот Бертанс е лидер во Евролигата оваа сезона по прецизност од три поени, со повеќе од 53 отсто успешни обиди. Во 22 натпревари во Евролигата, латвискиот кошаркар има просек од 6,4 поени, 1 скок, 0,6 асистенции и 0,7 украдени топки по натпревар.

Досега, 193-сантимтери високиот бек никогаш не играл надвор од Европа, откако ги носел дресовите на Валимиера, АСК Рига, Вентспилс, ВЕФ Рига, Билбао Баскет и Дарјушафака. Даирис е постар брат на крилото на Сан Антонио Спарс – Давис Бертанс.

Во Њу Орлеанс, Даирис Бертанс ќе го замени Тим Фрејзер, кој беше ослободен во средата.