Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска е во посета на Њујорк, каде учествува на „Време е за акција – правда за сите 2030“, настан што го организира фондацијата на Џорџ Сорос.
– Македонија е земја која го почитува принципот на отворено владино партнерство што директно значи создавање на силни институции во дијалог со граѓанското општество кои им служат на граѓаните. Градењето правда на сите нивоа во државата значи и создавање на демократски капацитет кој е неопходен за сите општетсва во развој, рече Царовска во Њујорк во обраќањето на настанот во организација на Фондацијата Отворено општество.
Таа истакна дека правдата во општествата не е само во судскиот и во правниот систем, туку и во ресорите кои се важни за секојдневното живеење.
– Важно е да обезбедиме правда во образованието, здравството, социјалната заштита. Токму за таа цел МТСП ги институционализра системите за правна поддршка и за зајакнување на граѓаните кои се на работ на нашето општество со цел тие да имаат подобро знаење и разбирање за нивните права, но и да можат институциите да им ги обезбедуваат тие права, речеЦаровска.
На настанот говореше и основачот на фондацијата Отворено општество, Џорџ Сорос, како и други учесници.