Израел побара од САД 10 милијарди долари итна воена помош, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на тројца неименувани високи американски претставници.
Според весникот пакетот помош моментално го составува Конгресот во координација со Белата куќа, во кој ќе бидат вклучени и средства за Украина, Тајван и границата меѓу САД и Мексико.
Лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, за време на посетата на Тел Авив во неделата истакна дека американските пратеници разговарале за обезбедување муниција на Израел за ракетниот одбранбен систем Железна купола, прецизно наведувани бомби и друг вид муниција.