Лидерот на ДУИ Али Ахмети добил обвинение од Специјалниот суд во Хаг, но официјалните информации сè уште не се објавени, објави порталот на албански јазик News33.

Според Њус 33, Ахмети не е единствениот лидер чие обвинение е потврдено денеска.

Хашкиот суд постапил исто и со Кадри Весели и Хашим Тачи, кој денеска поднесе оставка на функцијата претседател на Косово.

Во врска со случајот синоќа имало рација во куќата на експретседателот на Собранието на Косово, Јакуп Красниќи и други екс команданти на УЧК кои предходно беа поканети во Хаг.