Норвешка одобри нова помош од 86,4 милиони евра за украинскиот фонд за поддршка на енергетиката, изјави синоќа украинскиот министер за енергетика Денис Шмигал.
„Овие средства ќе помогнат во обновувањето на основните енергетски услуги оштетени од руските напади и ќе обезбедат поддршка за Украина за време на суровата зима со ниски температури“, напиша Шмигал на „X“.
Ова го зголемува вкупниот придонес на Норвешка во фондот на 163,6 милиони евра, додаде украинскиот министер.




