Норвешка ќе ги врати воените хеликоптери NH90 што ги нарача од француската NH Industries бидејќи тие се или несигурни или доцна се испорачани, изјавија денска министерот за одбрана и командантот на армијата.

Владата, исто така, ќе бара враќање на 523 милиони долари плус камати и други трошоци од NH Industries, која е во сопственост на Airbus Helicopters, италијански Leonard и Fokker Aerostructures од Холандија.

– Без разлика колку часови работат нашите техничари и колку делови ќе нарачаме, тоа никогаш нема да му овозможи на NH90 да ги исполни барањата на норвешките вооружени сили, рече министерот за одбрана Бјерн Арилд Грам на прес-конференција.

Договор за 14 хеликоптери беше потпишан во 2001 година, но Норвешка доби само осум, соопшти Министерството.

– Имаме хеликоптер што не функционира како што треба, изјави генералот Еирик Кристоферсен, командант на норвешките вооружени сили.